Connect with us

Фудбал

ФОТО: Навивачите во транс, Интер го промовираше најголемото засилување во последните неколку години

Кристијан Ериксен и официјално е нов играч на Интер. „Нероаѕурите“ го промовираа најголемото засилување во последните неколку години. Играчот за врска дојде од Тотенхем за сума од 20 милиони евра со бонуси, а неговата пазарна цена е околу 90 милиони. Интер ефтино го купи бидејќи за шест месеци му истекуваше договорот, па англискиот тим не сакаше да ризикува и да го испушти фудбалерот без ниту едно евро.

Тој се одлучи за бројот 24, а со италијанскиот тим потпиша договор до 30 јуни 2024-та година.