Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Не може на стадион, може на покрив, навивачите на Шкупи најдоа начин како да навиваат против Македонија ЃП

Навивачите на Шкупи покажаа уште еднаш дека се голема поддршка на својот тим. Во моментов поради коронавирусот има забрана за присуство на публика на стадионите, како во целиот свет, така и кај нас, но сепак фудбалерите на тимот од Чаир не останаа без поддршка.

Качени на околните згради и покриви, навивачката група „Шверцери“ им даде поддршка на играчите. Секако тие возвратија на најдобар можен начин со победа од 3:1 против Македонија ЃП.

Со четири бодови по две кола Шкупи е на второто место, а прв е Силекс. Македонија ЃП е на осмото место со учинок една победа и еден пораз во првите две кола од новата сезона.

ФОТО ФК ШКУПИ

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама