Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Не му е гајле што мислат другите, Нголо Канте го вози истиот „Мини Купер“ откако дојде во Премиер лигата

Голем број на фудбалери имаат по неколку автомобили во својата гаража. Сите се скапи играчи. Живеат во голем луксуз, а речиси секој ден на тренинзите и мечевите доаѓаат со различни автомобили.

Но, има и такви кои живеат скромно, на кои не им е гајле што мислат другите и какви возила имаат нивните клупски колеги.

Еден од нив е Нголо Канте, фудбалер на Челзи. Верувале или не, тој го вози истиот „Мини купер“ откако пристигна во Премиер лигата, а тоа е 2015-та година, кога од Ница се пресели во Лестер. Тој една сезона играше за Лестер и таа сезона стана шампион на Англија, а потоа се пресели во Челзи.

Неколку месеци по пристигнувањето во Лестер го купи „Мини куперот“, нов, од салон, тогаш за 20 илјади фунти. Сега, не вреди ниту половина. И денеска го вози истиот автомобил, иако е малку оштетен. Но, кога новинарите ќе го прашаат зошто не вози поскап, побрз, поубав автомобил, Канте има едноставен одговор:

-Никогаш не сум бил љубител на автомобили!