Connect with us

Кошарка

ФОТО: Неговата мајка живеела во приколка, тој потпиша договор од 200 милиони долари, па и приреди големо изненадување

Бам Адебајо, кошаркар на Мајами Хит потпиша договор со тимот со важност од пет години. За секоја година ќе добива по 40 милиони долари, или вкупно неверојатни 200 милиони. Овој одличен 23-годишен кошаркар реши прво да и купи подарок на својата мајка.

Тој имал тешко детство, а неговата мајка тежок живот, бидејќи живеела во приколка и немала свој дом. Сега, Адебајо го промени тоа, па и купи нов дом.

-Мојата мајка никогаш немала нешто за што би се кажало дека е нејзино. Сакав да им покажам на сите каде пораснав и низ што минав за да стигнам тука, порача Адебајо.

Секако, фотографијата од приколката во која живееле ја урамил и ја закачил веднаш до влезната врата од новиот дом. Ова беше роденденски подарок од Адебајо за неговата мајка.

View this post on Instagram

A post shared by 13am Adebayo? (@bam1of1)