Тајмаут
ФОТО: Нејзиното „НЕ“ му го смени животот на Роналдо, таа сега е со друг фудбалер
Кристијано Роналдо досега бил со голем број на убавици. Најатрактивната меѓу нив секако беше Ирина Шајк. Ретко која му одолеваше, но сепак имаше и такви кои му рекле „НЕ“.
Меѓу првите кои тоа го рекле е атрактивната италијанка Сара Кроце. Португалецот бил серизно „загреан“ за згодната Сара, но сепак поранешната учесничка на изборот Мис Италија и учесничка на многу реални шоуа, го одбила.
Поради тоа Роналдо се свртел кон Георгина Родригез, со која веќе со години е заедно. Но, сега Сара Кроце е во врска со фудбалер. Далеку непознатиот Џианмарко Фиори, кој настапува за нисколигашот Гоцано.