Тајмаут
ФОТО: Некогаш го возел Дејвид Бекам, а сега се продава на интернет, цената „ситница“
Дејвид Бекам е познат како човек кој сака да троши големи пари на автомобили. Во својата гаража има преко десет скапоцени возила. Еден од нив беше лимитираната верзија на Астон Мартин V8 Volante кој го купил пред 20 години. Тој автомобил беше всушност единствениот кој го префрлил откако го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Реал Мадрид.

Но, Бекам пред две години го продаде автомобилот. Сега, многумина се изненадија кога овој Астон Мартин се најде на интернет на продажба. Сегашниот сопственик не се знае, а возилото го огласува повторно анонимно. Цената е вистинска „ситница“, 445 илјади фунти. Вакви во целиот свет има само 77 возила. Иако е произведен пред повеќе од 20 години, а поминал само нешто повеќе од 50 илјади километри.
