Connect with us

Фудбал

ФОТО: Нема повеќе дилеми, ѕвездата на Манчестер Сити промовирана во нов играч на Баерн Минхен

Лерој Сане имаше уште една година од договорот со Манчестер Сити, но сепак се одлучи да продолжи во друг клуб, а тоа е Баерн Минхе. Овој 24-годишен фудбалер се врати во Германија и вечерва потпиша со Баерн. Во Минхен пристигна синоќа, но утрово ги мина лекарските прегледи, а откако беа завршени сите формалности, тој потпиша договор до 2025-та година. Манчестер Сити за неговата продажба ќе заработи околу 50 милиони евра.