Тајмаут
ФОТО: Никој како Златан Ибрахимовиќ, погледнете што си подари на самиот себе за роденден
Златан Ибрахимовиќ е познат како самоуверена личност, настојува да биде поинаков од останатите, што покажува и подарокот кој си го подари самиот за роденден. Имено, вчера наполни 39 години, а си купи подарок вреден 210 илјади евра. Станува збор за автомобил Порше 911 Тарга кој развива максимална брзина од 304 километри на час. Од 0 до 100 може да забрза за само 3,8 секунди.
-Среќен роденден на Златан, напиша Ибрахимовиќ на Твитер.