Connect with us

Други спортови

ФОТО: Нови жестоки критики на адреса на Новак Ѓоковиќ

Покрај тенисерот Кирјос, Новак Ѓоковиќ за организација на „Адриа Тоур“ во време на коронавирус, доби критики и од Крис Еверт. Американката во својата кариера седум пати го освоила  „Ролан Гарос“, шестпати „УС Опен“, трипати „Вимблдон“, а двапати „Австралија Опен“.

-Не разбирам. Нема социјално дистанцирање, тотално физички контакт, без маски, дури и навивачите беа без маски. Не сфаќам. Не е паметно,  напиша таа на Твитер, посакувајќи му на Григор Димитров побрзо оздравување, кој е прв позитивен тенисер кој е позитивен на коронавирус од сите учесници на турнирот. Веднаш по него позитивен тест имаа уште тројца учесници.