Фудбал
ФОТО: Новиот играч на Баерн на тренинг дојде со Поло, а замина со Ауди вредно над 100 илјади евра
Баерн Минхен уште пред неколку месеци успеа да го договори голманот на Шалке, Александер Нубел. Иако знае дека покрај Мануел Нојер, секогаш ќе биде број 2, сепак Нубел се одлучи да му се приклучи на гигантот од Минхен.
Но, интересна сцена се случи кога му се приклучи на тимот на тренинзите. Имено, во тренинг центарот пристигна со Поло вредно 11 илјади евра, а подоцна замина со ново Ауди RS6 Авант вредно 116 илјади евра.

Ауди е спонзор на Баерн. Играчите се должни со овие автомобили да доаѓаат на тренинзите, па секое кршење на правилата строго се казнува. Нубел секако е уште еден во низата фудбалери кои мора да се држи до правилата, барем кога се во прашање клупските активности.