Connect with us

Фудбал

ФОТО: Објавен календарот за Серие А, ова се мечевите за првото коло

Објавен е календарот за новата сезона во Серие А. Првото коло ќе се одигра на 20-ти септември, а сезоната треба да заврши на 23-ти мај 2021 година.

Во првото коло Горан Пандев и Џенова ќе играат против Кротоне, Елиф Елмас и Наполи гостува на Парма, додека Несторовски со Удинезе ќе играат против новиот член на Серие А, тимот на Специја.

Денеска се објави календарот за новата натпреварувачка сезона 2020/21 во најсилната италијанска Серија А. Сезоната ќе започне на 20 септември 2020, а последното коло ќе се одржи на 23 мај 2021 година.

Парови за прво коло Серие А, сезона 2020/21

Беневенто-Интер
Фиорентина-Торино
Џенова-Кротоне
Јувентус-Сампдорија
Лацио-Аталанта
Милан-Болоња
Парма-Наполи
Сасуоло-Каљари
Удинезе-Специја
Верона-Рома