Тајмаут
ФОТО: Од спортистка на годината, до порно актерка
Поранешната добитничка на наградата спортистка на годината на Холандија, што секако не е мала работа, доживеа неверојатен пад на кариерата, па замина во сосема друга насока.
Верона ван Де Леур на 14 годишна возраст на јуниорско ниво освои две европски медали во гимнастика покажувајќи огромен потенцијал. Две години подоцна се лансираше во европскиот врв со пет медали на ЕП, три на Светски куп и сребро на Светско првенство.
Сепак, огромен удар во семејството направи нејзината повреда токму пред Олимписките игри во Атина во 2004-та година. Верона дознала дека нејзиниот татко потрошил преку пет илјади евра во Лас Вегас.
Во 2008-ма година одлучува да ја прекине кариерата во гимнастика, но и да ги тужи родителите кои ги трошеле нејзините пари, а потоа кога останала без финансии не и давале ништо. На суд го добила спорот и исплатиле преку 80 илјади евра.
Десет години од последниот контакт со нејзиниот татко живеела со момчето во автомобил, без пари. Краделе по супермаркети.
Де Леур поминала 72 дена во затвор со шанса за сврти нов лист. Но, се сврте кон порно индустријата. Ја контактирала една компанија со гаранција дека ќе и плаќа подобро отколку што може да заработи од гимнастиката. Веќе осум години е во тој „бизнис“.
