Connect with us

Фудбал

ФОТО: Од турскиот гигант Галатасарај, па во Чаир, Шкупи доби големо засилување

Објавено:

Скопскиот прволигаш Шкупи го доби четвртото засилување. Станува збор за талентиран турски играч, кој има 19 години и кој ги поминал сите младински категории на гигантот Галатасарај. Фират Гулу има и настапи за младинските селекции на Турција, а во последниот период играше за босанскиот тим Челик од Зеница.

Како што соопшти тимот од Чаир, Фират Гулу, кој игра во средниот ред, потпишал тригодишен договор.

-Свесен сум дека дојдов во големиот клуб, со голема навивачка група. Секако, се надевам дека оваа сезона ќе ги оствариме нашите цели и со поддршка на „Шверцери “да ја освоиме шампионската титула, изјави Гулу за официјалната интернет страница на Шкупи.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама