Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ова е модел на стадион кој прима милион гледачи

Американскиот уметник Пол Фајфер направи макета на стадионот кој ќе обезбеди прием на милион гледачи на еден натпревар. Vitruvian Figure е името на овој потфат од 2018 година, а неодамна стана вирален. Ова изгледа невозможно, но концептот на Фајфер натера многумина да размислуваат за оваа можност. Фајфер е уметник кој често експериментира со спортот, а со оваа идеја се најде во центарот на вниманието.

Најголемиот стадион во Европа е Камп Ноу на Барселона, кој собира повеќе од 99.000 навивачи. Другиот е лондонскиот Вембли, кој има 91.000 седишта. Сепак, стадионите во САД, Индија, па дури и Северна Кореја можат да се пофалат со официјални капацитети што ја надминуваат границата од 100.000.

Реклама

Facebook