Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова е навивачот кој го организирал расистичкиот транспарент закачен на авион

Англиските медиуми го пронајдоа организаторот на инцидентот кој се случи за време на вчерашниот меч помеѓу Манчестер Сити и Барнли. Џејк Хепел, навивач на Барнли, го признал делото, откако организирал и изнајмил авион, а на него закачил расистички транспарент на кој пишуваше „Белите животи се важни. Барнли“.

Авионот прелетал над стадионот на Манчестер Сити во моментите кога двата тима клечеа на едно колено, на тој начин одавајќи му почит на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од полицаец за време на апсење поради што се одржуваат масовни протести во Америка.

-Нема да се извинам на никого. Изгледа расмизмот е поредок кога станува збор за животите на белците, се огласил Хепл на социјалните мрежи.