Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова е неверојатно, 10 играчи на Ливерпул од овој состав кои немаат пораз на „Енфилд“ откако пристигнале во клубот

Тимот на Јурген Клоп игра фантастично. Ливерпул гази се пред себе и ита кон шампионската титула во Премиер лигата. По 23 одиграни меча во лигата, „Црвените“ имаат 22 победи и едно реми. Немаат пораз. Не загубиле на 40 меча во серија во Премиер лигата, последен пат со 2:1 на гостувањето кај Манчестер Сити минатата сезона.

Ако се сметаат само мечевите одиграни на домашен терен, односно на „Енфилд“, серијата е уште подолга и трае 55 мечеви. Последен пат пред своите гледачи Ливерпул загубил од Кристал Палас со 1:2 во април 2017-та година.

Англиските медиуми направија статистика, која вели дека 10 играчи од актуелниот состав на Ливерпул не загубиле меч на „Енфилд“ од нивното доаѓање во овој клуб.

Најдобар е Садио Мане, одиграл 56 мечеви, од кои 50 како стартер, само девет пати мечевите завршиле без победник. Втор на оваа листа е Мохамед Салах. Одиграл 49 мечеви, девет завршиле со реми, останатите победи. Трет е Робертсон со 43 мечеви, од кои шест без победник.

На фотографијата прикажана е целата листа.