Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ова е прекрасната жена на Коби – со неа имаше 4 ќерки, една се наоѓаа во хеликоптерот

Легендарниот американски кошаркар, еден од најдобрите во историјата на НБА, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.

Американските медиуми, објавија дека „поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант (41), летал со уште четири лица во Калабас со неговиот приватен хеликоптер кога авионот се урнал.

Спасувачките служби одговориле веднаш, но никој не преживеал. Причината за падот на хеликоптерот сè уште не е позната “.

Ванеса Брајант (37) е сопруга на Коби, славниот кошаркар кој загина денеска, имаше четири убави девојки. Една од нив била со Коби на кобниот лет, при што загина.

Според светските медиуми, Ванеса не била во хеликоптерот кога се случила несреќата.

Тие се запознале во ноември 2000 година, а во април една година подоцна се венчаа.