Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова се колената на поранешната надеж на Барса чија кариера ја уништија повредите

Шпанскиот фудбалер Жерар Деулофеу (28) е еден од оние играчи чија кариера ја уништија повредите. Поточно, Деулофеу и покрај повредите успеа да оствари сериозна досегашна кариера, своето CV го пополни со имиња на престижни клубови, но никогаш реално не го исполни потенцијалот што го имаше на почетокот на кариерата.

Тој помина низ Ла Масија на Барселона и беше познат како голем талент, некој кој во иднина треба да биде првотимец на каталонската гордост и човек кој решава натпревари, но многу брзо стана јасно дека ништо нема да излезе од тоа. Барса почна да го испраќа на позајмица, а потоа почнаа низа клупски промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GERARD DEULOFEU (@gerardeulofeu)

Денеска е играч на Удинезе каде повторно пружа одлични партии, но неодамна повторно се повреди. Тој по којзнае кој пат во кариерата ја обнови повредата на коленото и нема да игра во следните неколку месеци. Тој на Инстаграм објави фотографија на која се гледа низ што поминале неговите колена, а навивачите му испраќаат пораки со поддршка, некои дури и го канат во своите клубови.

Уште во јануари се пишуваше дека го чека нов голем трансфер. Фудбалерот, кој меѓу другите играше за Барселона, Евертон и Милан, требаше да се врати во Премиер лигата како играч на Тотенхем. Сепак, тогаш тој имаше и мали проблеми со повреди и договорот пропадна. Сезонава на 18 настапи за Удинезе има три гола и седум асистенции.