Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова што го прави Ајакс не е нормално-Од четири трансфери заработи над 200 милиони евра

Холандскиот тим Ајакс одамна е познат дека има фантастична фудбалска школа. Какви само фудбалски имиња излегоа од овој тим, но уште подобри токму таму се развија во големи фудбалери, кои подоцна заминале во големи европски тимови.

Со цел да не изоставиме некоја голема ѕвезда нема да ги набројуваме, но дека Ајакс знае што прави покажуваат и нивните последни трансфери. Имено, за четворица фудбалери заработи повеќе од 200 милиони евра.

Ван де Бек е продаден на Манчестер Јунајтед за 39 милиони, а потекнува од нивната младинска школа. Матијас Де Лихт минатата сезона го продадоа на Јувентус за 85,5 милиони евра, а и тој потекнува од нивната фудбалска школа. Де Јонг заврши во Барселона за 75 милиони евра, а беше купен за 10. Хаким Зијех беше купен за 11 милиони, а продаден за 40 милиони евра на Челзи.

Ајакс е вистински пример како се работи, а тоа не е чудно со оглед дека во тимот како директори работат многу легенди, Ван Дер Сар, Бергкамп, Овермарс и други.