Connect with us

Фудбал

ФОТО: Па што му прави Бреша на Балотели, на кого му е потребен „дебел напаѓач“

„Тиквата“ одамна пукна помеѓу Марио Балотели и Бреша, па напаѓачот со слободни документи, пред да се заврши сезоната да има нов клуб. Неговиот менаџер Мино Рајола веќе е во потрага по нов клуб, а се спомнува Бока Јуниорс.

Но, Балотели веројатно има проблеми со однесувањето. Иако важеше за голем талент, сепак 29-годишниот фудбалер немаше кариера каква што му предвидуваа, пред се поради тоа што се претвори во рекреативец кој иако поседува голем квалитет, не сака да го искористи.

Од друга страна и она што во моментов му го прави Бреша, не е човечки. Откако пред неколку дена му ја затворија вратата и не го пуштија да влезе во тренинг кампот, сега ги сменија податоците на официјалната интернет страница.

Таму пишува дека Марио Балотели има речиси 100 килограми.