Кошарка
ФОТО: Пелистерци на Баба – во отсуство на кошарка, отидоа на чист воздух
Во отсуство на кошаркарски натпревари, екипата на Пелистер отиде на Баба планина по чист воздух. Споделија и фотографија на социјалната мрежа Фејсбук.
Она што сигурно ќе го забележат надлежните за справување со коронавирусот на фотографијата, е тоа што нема дистанца меѓу играчите ниту пак се носат заштитни маски.
Кошаркарскиот шампионат ќе почека на својот старт поради позтивни случаи на коронавирусот. Постои опасност од ширење на вирусот, нема ниту пријателски средби, па тимовите мора да се забавуваат на поинаков начин.