Фудбал
ФОТО: По елиминацијата, се огласи и Кристијано Роналдо- Време е за одлука за иднината
Стрелецот на двата гола против Лион, кои не беа доволни Јувентус да се пласира во четвртфиналето во ЛШ, Кристијано Роналдо се огласи. Тој вели дека потребна е голема анализа.
-Голем клуб како Јувентус мора да размислува како најдобрите, да работиме уште повеќе. Титулата во Серија А не прави среќни и горди, навивачите сакаат повеќе од нас и ние треба да ги исполниме нивните очекувања. Краткиот одмор е време за анализа, време за најдобрата одлука за иднината да се вратиме посилни и повеќе од било кога посветени, порача Роналдо меѓудругото на својот Инстаграм профил.