Connect with us

Фудбал

ФОТО: По статуата на Ибрахимовиќ, настрада и статуата на Алексис Санчез

По онаа на Ибрахимовиќ, вадалистите ја уништија и статуата на Алексис Санчез.

Неодамна во шведскиот град Малме беше уништена статуата на Златан Ибрахимовиќ, а сега е уништена и на Санчез, чија статуа е во родниот град Токопила, Чиле.

Статуата во чест на поранешната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Јунајтед беше поставена во 2017 година, но таа сега беше мета на вандализам.

31-годишниот Санчез важи за херој во матичната земја, откако во текот на својата кариера играше 132 пати за Чиле.

Напаѓачот на Интер е исто така водечки стрелец на сите времиња со 43 гола и не е јасно зошто во родниот град, му приредуваат вакви работи.