Connect with us

Други спортови

ФОТО: Почна новата генерација, синот на Шумахер дебитираше во Формула 1

Синот на Михаел Шумахер, Мик дебитираше на патеката во Бахреин во Формула 1. Тој чекори по стапките на својот татко, а со 22 години е еден од најмладите дебитанти. Немаше забележителен успех, заврши на 16-то место. Зад него завршија Гесли и Латифи, а трката воопшто не ја завршија Алонсо и Мазепин.

Шумахер цел круг заостана зад победникот Хамилтон,  но сепак веројатно очекувањата поради презимето беа преголеми. Неговиот татко, легендарниот Михаел Шумахер се уште се опоравува од повредата заработена на Алпите на скијање пред неколку години.