Connect with us

Фудбал

ФОТО: Полицијата му ја избриша фотографијата со Меси, а ќе добие и тужба, го загрозил здравјето на други луѓе

Раководството на лигата ќе поднесе барање до судот да започне кривична постапка против навивач кој истрча на теренот на вчерашниот натпревар меѓу Мајорка и Барселона, пренесува „Ројтерс“.

Во второто полувреме на средбата, што се одржа без гледачи, навивач во дрес на репрезентацијата на Аргентина со името на напаѓачот Лионел Меси истрча на теренот, по што беше приведен од безбедносните службеници.

Во соопштението на раководството на лигата се вели дека човекот го ставил во опасност здравјето на други луѓе.