Connect with us

Фудбал

ФОТО: Помлад е од Меси, Роналдо, Рамос, Пике…Но, тренер е на тимот кој се пласираше во историско полуфинале

Пофални зборови од сите страни за Јулијан Нагелсман за начинот на кој го предводи германскиот тим Лајпциг. Иако малкумина очекуваа, сепак неговиот тим се наоѓа во полуфиналето на ЛШ, откако го елиминираше со 2:1 Атлетико Мадрид на Диего Симеоне.

Без разлика што ќе направи во полуфиналето или до крајот, и следната сезона ќе го гледаме овој тим во групната фаза од ЛШ бидејќи сезоната во Бундеслигата ја заврши на третата позиција. Тоа за нив ќе биде четврти пат да се пласираат во ЛШ од четири одиграни сезони во Бундеслигата.

Тренерот на Лајпциг синоќа по мечот изјави дека тој е најсреќниот тренер во светот. Па, како не би бил. Постигнува историски резултати со екипата, а има само 33 години. Колку за споредба, тој е помлад од Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Пике, Суарез и уште неколку други фудбалери кои се уште настапуваат за нивните клубови, а тој веќе е успешен тренер.