Фудбал
ФОТО: Поради шокантиот коментар на сопругата за протестите во САД, српски фудбалер доби отказ
Александар Катаи не е повеќе член на ЛА Галакси. Американскиот клуб одлучи да му врачи отказ, по шокантниот коментар на неговата сопруга Теа Катаи на социјалните мрежи, а кој се однесуваше за протестите во САД.
Таа објави фотографија на која се гледаше полициско возило, наспротив десетици демонстранти и напиша „Ма, утепај тоа го*ната“. Не се знае за кого беше ова упатено точно, но сепак е оценето како некоретно во ситуација кога САД „горат“ по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Протестите во сите држави траат веќе неколку дена, а голем дел од нив се насилни. Илјадници лица се уапсени.
The LA Galaxy have parted ways with Aleksandar Katai. pic.twitter.com/mcu0fTreC8
— LA Galaxy (@LAGalaxy) June 5, 2020