Ракомет
ФОТО: Поранешен македонски репрезентативец нов играч на Тинекс Пролет
Дејан Пецаковски, поранешен репрезентативец на Македонија е новото е засилување на Тинекс Пролет.
Искусниот бек доаѓа од таборот на Металург, а со Тинекс Пролет потпиша едногодишен договор.
-Доаѓам во добро организиран клуб, кој отсекогаш важел за незгоден ривал за фаворитите. Кога и да сум доаѓал овде, дали со Зомимак, Металург или со Вардар, секогаш било тешко да се стигне до бодови против Пролет. Се надевам на успешна сезона во новиот клуб, изјави Пецаковски.