Connect with us

Кошарка

ФОТО: Поранешна НБА ѕвезда учествувала во упадот во Конгресот на САД

Во упадот во Конгресот на САД од страна на приврзаниците на Доналд Трамп убиени се четири лица, а повредени се над 50-тина. Меѓу оние кои биле во толпата и учествувале во овој упад е и поранешна НБА ѕвезда Дејвид Вуд. Постојат неколку негови фотографии од овој настан, но највпечатлива е онаа како дува во рог давајќи некаков сигнал.

Во својата НБА кариера Дејвид Вуд настапувал за Чикаго, Хјустон, Детроит, Голден Стејт, Феникс, Далас, Милковки. Во Европа играл во неколку држави, а бил и член на Барселона со која станал вицепрвак на Европа.

Неговата професионална кариера траела од 1987-ма до 2007-ма година. Со репрезентацијата на САД учествувал на Мундобаскетот во 1998-ма година. Тогаш Американците освоија бронза.