Тајмаут
ФОТО: Поранешна тениска ѕвезда целосно се повлекла: Религијата не постои, сите ќе бидеме чипувани од Бил Гејтс
Вистинска реткост е некоја од големите спортски ѕвезди по завршувањето на кариерата целосно да се повлече и да го промени својот начин на живот. Тоа го стори некогашниот руски тенисер Марат Сафин.
Тој живее сам, без девојка, без жена и вели дека сексот не го интересира. Сака да биде осамен, но сепак е расположен за дружба, но само со неговите блиски луѓе. Има и интересни теории на заговор. Освен тоа што вели дека религијата не постои и дека е измислена за полесна контрола врз луѓето, тој вели дека сите ќе бидеме чипувани.
-Мислам дека со ова се подготвуваат да ги чипираат луѓето. Бил Гејтс во 2015-та година изјави дека не чека пандемија, дека следниот непријател ќе ни биде вирусот, а не нуклеарна војна. Изведоа симулација во текот на форумот во Давос, тестираа како пандемијата ќе изгледа. Не верувам дека Бил Гејтс е видовит, тој знаел дека ова ќе се случи, изјави Сафин во интервју за руски „Спортск“.
Инаку, Сафин во текот на својата тениска кариера освоил 15 титули. Се пензионираше во 2009-та година. Од тенисот заработил безмалку 15 милиони долари.
View this post on Instagram
View this post on Instagram