Тајмаут
ФОТО: После 5 години откриено зошто Роналдо и Ирина Шаек ја прекинале врската
Пет години беа заедно, но во 2015-та Кристијано Роналдо и Ирина Шаек ја прекинаа врската. Со тоа е завршена перфектната љубовна приказна, како што многумина ја нарекуваа. Пет години подоцна, позната е и причината. Наводно, тоа што го сторила манекенката, Роналдо никогаш нема да и го прости. Тој се подготвувал за 60-тиот роденден на неговата мајка, а Ирина одбила да дојде на прославата.
Тоа го навредило Роналдо и истиот момент одлучил да стави крај на врската со згодната манекенка.

Како што е познато единствената света работа за Роналдо, е неговата мајка Долорес.