Connect with us

Фудбал

ФОТО: Познати паровите за историската завршница во Лигата на шампионите

УЕФА денеска со ждрепка, ги одреди четвртфиналните двојки од Лигата на шампионите, кои ќе се играат по системот „Фајнл 8“ во Лисабон (Португалија) поради пандемијата на коронавирусот.

Победникот од Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се сретне со победникот од Јувентус и Лион во ¼ финалето. Лајпциг и Алтетико Мадрид е парот кој веќе е формиран, со оглед дека двата тима се пласираа во следната фаза.

Подобриот од дуелот Наполи – Барселона ќе игра со подобриот од Баерн Минхен Челзи, додека Аталанта ќе се сретне со ПСЖ.

Формирани се и полуфиналните двојки. Може да има и „Ел Класико“ во полуфиналето, но тоа тешко дека ќе се случи, со оглед дека Манчестер Сити веќе има добра предност во однос на Реал Мадрид по првиот 1/8 финален меч.

1/4 ФИНАЛЕ

Реал Мадрид/Манчестер Сити – Јувентус/Лион

Лајпциг – Атлетико Мадрид

Наполи/Барселона – Баерн Минхен/Челзи

Аталанта – ПСЖ

ПОЛУФИНАЛЕ

Победник 1 – Победник 3

Победник 2 – Победник 4