Фудбал
ФОТО: Припадници на крим-техника во домот на директорот на Манчестер Јунајтед по синоќешниот напад на навивачите
Група од дваесетина мажи, со капи на главата во вторникот вечерта ја нападнаа куќата на Ед Вудворд, оперативец на Манчестер Јунајтед. Се претпоставува дека станува збор за навивачи на Јунајтед, а една од пораките била „Подготви се ќе умреш“.
Денеска неговиот дом и двор е полн со полицајци, односно крим техника. Нема поголеми поштетувања, само мала материјална штета. Во моментот на нападот директорот Вудворд и неговото семејство не биле дома.
Полицијата го истражува случајот и трага по сторителите.




