Connect with us

Фудбал

ФОТО: Прво мерење температура, па тренинг, стартуваше Шкендија

Тетовскиот тим Шкендија ги стартуваше тренинзите за продолжението на сезоната. На сите фудбалери прво им беше мерена температура, а потоа можеа да влезат на теренот за тренинг. При пристигнувањето фудбалерите носеа маски на лицата.

Комисијата за натпреварување при ФФМ предложи продолжување на првенството во термин од 14. до 21. јуни, а за предложените датуми ќе се информираат и во координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19.

–  Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања, пишува во известувањето на ФФМ.