Ракомет
ФОТО: Ракометен меч со маски, Македонецот Димитриевски ќе ви каже какво е чувството
Мечот помеѓу Адемар Леон и Синфин не стана познат поради квалитетот и спектакуларни потези, туку поради тоа што претставува прв меч на кој ракометарите на двата тима носеа заштитни маски на лицата поради Ковид 19.
АСОБАЛ лигата одлучи да ги почитува правилата, па ракометарите и судиите мораа да носат маски.

Еден од актерите на мечот беше и нашиот ракометар Дарко Димитриевски. За „Balkan-Handball“ раскажа какво е чувството.
-Неверојатна ситуација. Ни јавија што не очекува дури четири часа пред мечот, така што не можевме да организираме ниту еден тренинг во новонастанатите околности, за барем малку да се привикнеме. Второ, не ми е јасно како тоа да е во ред во салата да влезат 1500 навивачи, а ние да мораме да играме со маски. Не можевме да дишеме како што треба, а не да комуницираме помеѓу себе. Ужасно искуство. Да не зборувам за тоа дека маската не може ниту пет минути да стои на лицето како што се прописите. Моравме да ги менуваме маските на секои пет минути, бидејќи логично нели, се потевме. Ние пред секој меч имаме тестови, секој играч од секој клуб, во спротивно немаше да се игра. Зошто тогаш да носиме маски?, прашува Димитриевски, кој на овој меч постигна еден погодок.