Connect with us

Фудбал

ФОТО: Речиси три милиони лајкови за помалку од два часа, но едноставно, тоа е Роналдо

Кристијано Роналдо во понеделник е мотивиран како и секој друг ден. Едноставно нема одмор за Португалецот.

Фудбалерот на Јувентус пред неколку часа објави фотографија на Инстаграм, на која јасно се гледа колку напорно работи и каков „ѕeвер“ има изградено од себе.

За само два часа, фотографијата ја лајкуваа повеќе од 2,8 милиони луѓе и многумина се импресионирани од Португалецот кој едноставно не може да запре и сака да напредува што е можно повеќе секој ден, без оглед на неговите доцни години.

Роналдо и Јувентус ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Купот против Милан во петок, откако беше 1:1 на „Сан Сиро“, а првенството во Серија А продолжува на 17 јуни, каде Јувентус сака да го задржи првото место и да го освои Скудетото.

Секако, Роналдо има големи планови во Лигата на шампионите со „Старата дама“, а за да биде подготвен за напорното продолжување на сезоната, Роналдо работеше максимално во Португалија и по неговото враќање во Торино.