Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Револуција во Токио, oлимпијците ќе спијат на картонски кревети

Во Олимпиското село во Токио, спортистите ќе спијат на кревети кои по завршувањето на игрите ќе бидат рециклирани. Соопштено е дека креветите ќе бидат направени од картон. Душеците ќе бидат од полиетилен.

Тие се долги 2,10 метри и ќе одговараат на сите спортисти, освен на оние кои се многу високи, за кои е можно креветот да биде продолжен. Произведувачот е убеден дека креветите можат да издржат до 200 килограми.


За олимпијците ќе биде потребно вкупно 18 илјади кревети, а за параолимпијците 8 илјади.

Олимписките игри почнуваат на 24.јули оваа година, а Параолимпијадат на 25.август.