Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдињо се уште во „куќен притвор“ во хотел со четири ѕвезди-Долги 60 дена

Роналдињо се уште е во куќен притвор и го чека своето судење. Но, во ексклузивно интервју за „Мундо Депортиво“ зборуваше за изминатиот период, нагласувајќи дека поминале „60 долги денови“.

Бразилската ѕвезда беше 32 дена зад решетки, откако беше уапсен бидејќи користел лажен пасош со кој сакал да влезе во Уругвај.

Роналдињо сега е во хотел со четири ѕвезди.

-Тука во хотелот имам одличен третман. Сите го направивме тоа што е потребно, смирени сме и тие прават времето да помине најпријатно што може. Поминаа долги 60 дена. Луѓето во своите домови мораат да замислат како би требало да не го прават она што сте навикнале да го правите, вели тој и додава:

-Спортуваме селој ден. Имаме теретана во која можеме да вежбаме, а собата во која сме сместени е прилагодена за нас, изјави Роналдињо.