Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо и Меси во ист тим, звучи неверојатно, да биде вистинито

Медиумите веќе почнаа на големо да прогнозираат каде Лионел Меси ќе заврши следната сезона. Дури има и предвидувања, а најголеми шанси имаат Манчестер Сити и Јувентус, но и останокот во Барселона.

Британски „Сан“ напрафи и фотомонтажа како би изгледало кога Лионел Меси и Кристијано Роналдо конечно би заиграле во ист тим. Неверојатно нели, звучи дури и невистинито, но сепак ништо не е невозможно.

Според информациите Јуве е подготвен да му понуди договор на Лионел Меси доколку одлучи да замине од Барслеона.

А, такви информации се појавија откако Аргентинецот ги влоши односите со спортскиот директор Ерик Абидал. Сега, според шпанските медиуми поставил ултиматум до Барселона, нови избори, со кои ќе се смени претседателот Жозеп Бартомеу, ќе има нов тренер, нов спортски директор…Дали навистина следува „земјодрес“ во Барселона останува да се види.