Тајмаут
ФОТО: Роналдо му подари дрес на македонецот Никола Секулов!
Дресот во кој Роналдо ја мина границата 50 гола во Серија А и стана единствен во историјата на фудбалот со најмалку 50 гола во Англија, Шпанија и Италија, заврши кај маедонецот Никола Секулов.
Македонецот кој настапува за младинските категории на Јувентус и италијанската репрезентација, Никола Секулов вечерва беше покрај теренот за натпреварот со Лацио и ја искористи можноста за да се фотографира со Роналдо и доби подарок – дресот на Кристијано.
