Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Роналдо под клуч додека Георгина привлекува погледи околу Мадеира

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се уште е во изолација поради коронавирусот.

Двајца негови соиграчи Даниеле Ругани и Блеиз Матуиди се позитивни на коронавирус, а Роналдо веќе некое време е во карантин во куќата во родната Мадеира.

Сепак, тој ги има сите услови што може да ги ужива, па затоа не мора да оди никаде, но неговата девојка Георгина Родригез нема мир.

Таа ја напушти луксузната вила наутро за да си направи шопинг и секако привлече огромно внимание на улиците на Мадеира.

Сите се надеваме дека наскоро ќе уживаме во магијата на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус, бидејќи ова се навистина тешки денови за љубителите на спортот.