Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо постави рекорд, па дресот го подари на струмичанец

Кристијано Роналдо на синоќешниот меч против Лацио, беше стрелец на два гола во победата од 2:1 и се чини дека оваа победа ќе значи титула на крајот на сезоната. Освен што му донесе победа на својот тим, Португалецот со овие два погодоци ја мина границата од 50 голови во Серие А и стана прв фудбалер во историјата кој успеал тоа да го стори во Серие А, Премиер лигата и Ла Лига.

Воедно Роналдо го сруши рекордот на легендарниот Украинец, Андриј Шевченко за најбрзо постигнати 50 погодоци во Италија.

 

View this post on Instagram

 

Doppietta di @cristiano e si vola!!??⚽️ @juventus

A post shared by Nikola Sekulov (@nikosekulov) on


По мечот, овој дрес кој Роналдо го носеше на овој меч го доби македонскиот фудбалер Никола Секулов. Секулов е роден во Пјаченца, но неговите родители имаат потекло од Струмица.

Пред една година тој потпиша професионален договор со Јувентус, но настапува за младинскиот тим на „Старата дама“.