Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо со објава на Твитер, дали е ова провокација за Барселона?

Кристијано Роналдо постигна два гола и двата од пенал во победата на Јувентус на гостински терен против Барселона. Со ова воедно за прв пат Португалецот ја тресеше мрежата на Барселона во Лигата на шампионите, а вкупно постигна 14 голови против каталонскиот тим.

Роналдо објави негова фотографија од „Камп Ноу“ на која се гледаат празните трибини. Сепак,  она што го напиша, многумина го прокоментираа како провокација за Барселона и нејзините навивачи.

-Ни недостасуваат навивачите на стадионите и се надевам дека ова наскоро ќе се промени. Но, дотогаш, шоуто мора да продолжи, напиша Роналдо.