Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Сантијаго Бернабеу“ каков што не сте го виделе

Стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“ во моментов изгледа непрепознатливо. Се реновира теренот, а на социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат во која фаза во моментов се наоѓа реконструкцијата.

На почетокот на реновирањето ќе се обнови теренот, а шпанските медиуми пишуваат дека ќе биде многу флексибилен, односно дека подлогата ќе може да се отстрани за само неколку минути. Исто така се реновира и дел од едната трибина, што е само дел од првата фаза на реконструкцијата.

Реновирањето почна пред една, а „Кралевите“ објавија како ќе изгледа кога ќе биде завршен стадионот. Наводно реконструкцијата би требало да чини 500 милиони евра.