Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се огласи и Ливерпул-Ваквото однесување е неприфатливо

Ливерпул освои титула по 30 години, а навивачите не можеа да издржат. Иако немаше победничка прослава и парада, сепак илјадници навивачи излегоа во центарот на градот за да прослават. Немаше маски, немаше физичка дистанца, не се почитуваа препораките поради Ковид-19. Зад себе оставија „депонија“ од ѓубре. Поради тоа реагираше и самиот клуб.

-Фудбалскиот клуб Ливерпул, полицијата, Градскиот совет работеа заедно за доследно да ги потсетуваат луѓето дека регионот се уште е несразмерно засегнат од пандемијата COVID-19 и побара од луѓето да ја слават титулата безбедно и внимателно. Неколку илјади луѓе се појавија во петокот на 26 јуни, а некои избраа да го игнорираат социјалното растојание и да ја ризикуваат јавната безбедност.

Нашиот град сè уште е во јавна здравствена криза и ваквото однесување е целосно неприфатливо.

Потенцијалната опасност од втор бран на СОВИД-19 сè уште постои. Кога ќе биде безбедно, и кога ќе се создадат услови сите заедно ќе организираме победничка парада, се вели во клупското соопштение.