Connect with us

Фудбал

ФОТО: Сестрата на Роналдо „распали“ со клетви на социјалните мрежи откако Модриќ ја доби „Златната топка“

Изборот на Лука Модриќ за наградата „Златна топка“ во 2018 година предизвика многу прашина на социјалните мрежи.

Многумина сметаат дека Кристијано Роналдо, Антоан Гризман или Килијам Мбапе ја заслужија оваа награда пред Модриќ бидејќи имале константна игра преку целата година, додека најдобриот играч на Реал од Мундијалот до денес е потполно невидлив на теренот.

Сепак Модриќ ја прослави својата награда, што многу ја погоди сестрата на Роналдо Елма Авеиро, како и неговиот пријател Мигел.

-За несреќа, овој свет кој живее од корупција, мафија и пари на ку**ини синови. Божјата моќ е поголема од тие гниди. Бог доцни, но никогаш не заборава, порачала сестрата на Роналдо на социјалните мрежи.

-Ни малку не го почитуваат оној кој направи и повеќе од доволно за уште еднаш да биде прогласен за најдобар. Фактите говорат сами за себе. Оние кои не сакаат Кристијано да биде награден не можат да одат против броевите од фудбалската историја. Тој е најдобар фудбалер на светот и оваа година, напиша Мигел.