Тајмаут
ФОТО: Што ли ќе каже Георгина? Атрактивната италијанка откри: Јас му кажав „не“ на Кристијано
Атрактивната италијанска манекенка Сара Кроче го одби додворувањето на sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.
Таа се појави вчера на ток-шоуто Ривело и откри дека Роналдо и испраќал приватни пораки, но таа ја одбила неговата понуда да излезе
„Не знам колку други девојки го направија ова, но му реков „не“на Кристијано Роналдо“, започна приказната за Ривело на атрактивната Сара и продолжи:
https://www.instagram.com/p/B68sHCVoPLw/?utm_source=ig_embed
„Тој им пишува на девојките на социјалните мрежи. Исто така, еден мој познаник му го даде мојот број и бев бесна поради тоа. Тој ми испрати порака на whatsapp, но немаше фотографија. Ми напиша: ’Здраво, јас сум Кристијано. Сакаш ли да излеземе, ќе дојдам по тебе.’ Му одговорив дека не му верував бидејќи немаше фотографија. За да докажам дека навистина е тој, го побара мојот профил на Инстаграм за да ме блокира, а потоа да ме одблокира“.
„Навистина беше тој, но на крај почнав да го исмејувам“, истакна таа.
Што ќе каже Георгина на ова?