Поврзи се со нас

Кошарка

ФОТО: Синот на легендарниот Петар Наумоски потпиша за МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со напорите да ги има во своите редови најталентираните македонски кошаркари во моментов, поради што денеска беше потпишан две ипол годишен договор со Михаил Наумоски (17 год, 205 см). Тој доаѓа од белградска Црвена Звезда.

Станува збор за крилен кошаркар, кој ги „покрива“ позициите три и четири и кој е досега има играно уште за Вардар и за турски Галатасарај. Михаил е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски, кој при крајот на кариерата одигра една полусезона и тоа пред точно десет години.

Facebook

loading...