Connect with us

Други спортови

ФОТО: Ситуацијата отиде предалеку, во центарот на Сплит осамна морбиден графит за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со денови трпи негативни критики од сите страни поради организацијата на турнирот „Адриа Тоур“. Прво се одржа во Белград, а потоа почна во Задар, но беше откажан откако е откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен на Ковид-19. Веднаш потоа беа тестирани и други учесници, а позитивни тестови добија уште еден тенисер и двајца тренери.

По враќањето во Белград се тестираше и Новаќ Ѓоковиќ, тој и неговата сопруга се позитивни, а децата негативни.

Во Сплит утрово осамна морбитен графит на кој непознатиот автор му посакува смрт на Ѓоковиќ. Ситуацијата навистина отиде предалеку.