Фудбал
ФОТО: Смешно е тоа што се случува во Белгија, дефанзивецот играше со дресот на Батшуаи!
Смешно е тоа што се случи вчера попладне на натпреварот Русија-Белгија. Во првиот дел од средбата, дефанзивецот Бојата излезе на теренот со дресот на напаѓачот на Челси, Мичи Батшуаи и сето тоа поради збунетост.
Чудно, но еве се случи. Фотографиите и објавите експлодирале на социјалните мрежи, се шегуваат со Бојатан. Дури и самиот Батшуаи објави на Твитер фотографија од дефанзивецот со неговиот дрес и напиша: „Тој го оствари својот сон“.
He realized his dream ????? https://t.co/Ui4M3Z6XDd
— Michy Batshuayi (@mbatshuayi) November 16, 2019
Во второто полувреме, Бојата ја поправи грешката и излезе на теренот со дресот со број 4 на грбот.